(Видео) Србите ги обвинија Шпанците за плагијат, песната за Евросонг ѝ ја украле на Дара Бубамара

Србите ја обвинија шпанската претставничка на Евросонг Шанел за плагијат. Тие ја прозваа дека ѝ ја украле песната „Екстравагантно“ на фолк пејачката Дара Бубамара.

Шпанците изминатиот викенд ја одбраа песната со која ќе настапат на Евровизија. На натпреварот победи пејачката Шанел со песната SloMo која многу потсетува на „Екстравагантно“ на Дара Бубамара од 2017 година.

„Ова ми звучи познато. Станува збор за Дара Бубамара која пред 4 години ја објави песната „Екстравагантно“. Нема ништо повеќе да коментирам“, напишал еден фан.

Се огласи и Дара Бубамара која рече дека малку ја ископирале. Шпанската преставничка за Евровизија веќе важи за фаворит на Евровизија која годинава ќе се одржи во Италија во Торино.

Scroll to Top