(Видео) Српскиот претседател Александар Вучиќ се вакцинира против коронавирус со кинеската вакцина на „Синофарм“

By

Српскиот претседател Александар Вучиќ се вакцинира против Ковид-19. Тој ја прими вакцината на кинескиот производител „Синофарм“ во здравствениот дом во селото Рудна Глава, во близина на Мајданпек.

„Сѐ помина во најдобар ред, ништо не почувствував“, изјави Вучиќ додавајќи дека е среќен што гледа редици луѓе што чекаат да се вакцинираат.

„Мислев за три недели да одам на југ за ревакцинацијата и да го направам тоа во Мерошин или Бабушница“, додаде тој, а потоа појасни и зошто дури сега се вакцинира против Ковид-19.

„На почетокот реков дека ќе почекам да се вакцинираат еден милион луѓе. Премиерката се вакцинира меѓу првите, а јас сакав кога и народот, некаде во внатрешноста, како обичен граѓанин на Србија“, рече Вучиќ.

Ќе ви се допадне

Watch Kuroko's Basketball 2 Episode 5 at AnimeTV anime tv us

Watch That Time I Got Reincarnated as a Slime (Dub) Episode 2 at ANIMEFLIX animeflix reddit