(Видео) Станија во танга вежба на плажа во Мајами

Облечена во жолт танга костум за капење српската старлета Станија Добројевиќ вежба на плажа во Мајами. Таа на своите следбеници на социјалните мрежи им порача да вежбаат напорно, а најмногу да обрнат внимание на кардиовежбите.

„Драги мои, летото е совршено време да се донесе линијата до совршенство! Висока температура, помалку чувство на глад, многу течност и нема подобро време да изгубите од вишокот килограми најбрзо што можете! Ако имате вишок сол или килограм повеќе, летото и топлината овозможуваат да се ослободите од нив доколку правите кардиоваскуларни вежби на сонце! Препорачувам заштитен фактор, многу пливање и оваа кардиовежба“, напиша старлетата покрај видеото.

Видеото на Станија има преку милион прегледи.

Scroll to Top