(Видео) Стоја плаче додека ја китат со пари: пејачката си ги брише солзите, а во рацете држи 200 евра

Пејачката Стоја Новаковиќ целосно се повлече од јавниот свет и моментално настапува само на приватни настани.

На една свадба на која пеела, таа дури и се расплакала кога видела на колку луѓе им се допаднала нејзината песна „Нешто ми говори“, која е вистински хит на социјалните мрежи.

Од оваа прослава се појави видео, а гостите не можеа да ја задржат среќата кога ја видоа фолкерката.

Таа го изведе својот хит, а потоа гостите масовно почнаа да скандираат и да пеат заедно со Стоја, опсипувајќи ја со банкноти од 50, 100, па и од 200 евра.

Во тој момент Стоја прсна во солзи, па продолжи да пее бришејќи се со марамче.

Scroll to Top