Павлинка Јовиќ ја нарекуваат супер бабичка. Таа имала голема желба да го запознае сопственикот на „Гранд“, Саша Попвиќ, ама и сите членови на жирито во „Ѕвездите на Гранд“.
Кога слушнал за нејзината желба, Поповиќ ја поканил да биде специјална гостинка на едно од снимањата на емисијата. Таа за мажите донела ракија, а за жените сок. Но, кога стигнала во студиото морала да влезе во шминкерницата. Баба Павлинка се исплашила што ќе речат соселаните од Топлице кога ќе ја видат со пудра и кармин. Павлинка вози трактор подобро од некои мажи во Топлице, велат нејзините соседи, и сама ги извршува сите земјоделски работи.
Како помина средбата на супер-бабичката со Саша Поповиќ, погледнете во видеото.