Пејачката Тања Савиќ отворено на „Инстаграм“ зборуваше за пеколот што ѝ го приредил нејзиниот сопруг Душан Јованчевиќ. Тој без нејзина дозвола ги зел децата и ги однел во Австралија. Тања вели дека од тогаш нема никаков контакт со нив.
Савиќ вели дека со децата се нема слушнато седум дена, а отворено зборуваше и за тоа што мислат за неа нејзиниот сопруг и неговата мајка.
„Во моментов сум во Смедерово. Се немам слушнато со моите деца седум дена. Не знам што се случува со нив. Како им е без мајка. Јас не го заслужувам ова, но така е кога сум наивна. Правдата е бавна, но е достижна“, вели Тања на „Инстаграм“.
Таа објаснува дека се обидела да ги наговори децата да добијат мобилни телефони, за да може да се слушне со нив. Направила сè за да може повторно да си ги види најмилите. Вели дека е покрената и судска постапка, но дека се чека датумот за судење.
За бабата вели дека е полна со злоба и дека манипулира со луѓето. Таа се плаши за нејзините деца. Савиќ во видеото им порачува на другите жени да не дозволуваат да бидат манипулирани.
„Јас сум убаво воспитана, но гледате какви луѓе постојат. Тоа се манипулатори и мене ми е многу жал. Се плашам за моите деца да не станат такви, да ги малтретираат своите жени“, вели пејачката.
Таа вели дека е силна жена и дека ќе се избори со целата оваа работа.
„Бабата зборуваше во селото дека сум се откажала од своите деца. Никогаш не би го направила тоа, сите знаат колку сум врзана за нив. Жал ми е што мораат да слушаат нешта што не се вистина. Летот ми е дури на крајот на октомври, а и тој може да го откажат. Многу е тешко поради короната“, вели Савиќ.
Таа побара помош од жени во Австралија да направат митинг пред неговата куќа и да бараат да ѝ ги врати децата.