Српскиот актер Бранислав Лечиќ ѝ се обрати на јавноста, по обвинувањата на неговата колешка Данијела Штајнфелд дека ја силувал во автомобил во 2012 година. Тој испрати видеопорака преку „Јутјуб“ и побара од Данијела да ја каже вистината.
„Го снимам ова видео со желба да ѝ се обратам на јавноста во Србија поради сè што се случува во медиумите последните денови, дека сум обвинет за силување на Даниела Штајнфелд. Би сакал да ѝ се обратам на мојата колешка, жена, Даниела Штајнфелд. Ако некогаш во кој било момент, потег, мисла, случаен гест, намерен гест, сум те навредил, повредил, понижил.
Ако сум навредил некоја жена на таков начин за да стекне впечаток дека сум некултурен, агресивец, предатор, тогаш длабоко ти се извинувам и тебе, Даниела, и на секоја жена која се почувствувала загрозена, потценета.
И пред Даниела ќе кажам: ‘Кажи ја вистината Даниела, ние бевме само партнери во работата, максимално се трудев да сфатиш која улога ја играш. Како што во претставата немаше сексуална реализација, знаеш и самата, тоа не се случи ниту во животот.
И ти и јас, а и Бог знае дека никогаш не сме имале ниту љубовен однос, ниту врска, ниту сексуален однос, никогаш. Дали е логично да кажеш дека си протерана од Србија, дека јас бев причината за твоето заминување во Америка, кога и театарот и јас и мојата сопругата знаеме дека рече дека одиш во Америка. Не знам зошто е конструкцијата. Јас морам да се бранам пред обвинителството, судот, лекарите, Бог. Подготвен сум да ја ставам раката на Библијата.
Знаеш дека ја знам твојата душа затоа што се трудев да ја направиш улогата. Зошто една жена би користела такви средства и би правела профит за себеси ? Тоа не е достојно за нас како актери, партнери и жени. Не прави го тоа, не ти треба тоа“, вели Лечиќ во видеото.
Според комнетарите на јавноста, смиреноста на Лечиќ со која зборува во видеото е токму тоа што го издава дека навистина ја силувал актерката која јавно прозборе за сето ова. Тој во петок ќе дава исказ во судот во Белград. Српски Инсајдер пак објави снимка од разговор каде тој не негира дека ја силувал Данијела, кога зборуваат по телефон.