(Видео) Цела естрада на полна трпеза кај Цеца на слава

Фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ во друштво на семејството, пријателите и српската естрада вчера славеше Св. Никола. Пејачката објави видео на социјалните мрежи, па откри дека од оваа година нејзиниот син Вељко е домаќин на славата. Таа се пофали и со полната трпеза со посни јадења, на која е собрано целото семејство.

„Потешко е да се подготвува посна отколку мрсна слава, ама ние со годините научивме да спремаме секакви јадења. Оваа година ни помогна и Богдана, а славата ни е побогата заради неа и нејзиното семејство“, рекла Цеца за српските медиуми додека ги пречекувала гостите пред вилата на Дедиње.

На славата на Цеца вчера дојдоа глумците Милан Калиниќ и Вук Костиќ, водителката Душка Јаковљевиќ, политичарот Драган Марковиќ Палма, авторот на „Никогаш не е доцна“ Жика Јакшиќ, пејачот Дамир Хандановиќ и други…

Scroll to Top