Со виолетови балони, албум со семејни слики во вид на огромно срце и венец од цвеќе пред вратата на нејзиниот дом, фановите ја изненадија фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ за роденденот. Тие ја пречекаа пред нејзината куќа, пред да оди на роденденската прослава. Таму ѝ ги дадоа подароците, ѝ ја испеаја роденденската песна и се сликаа со неа.
„Тоа е љубов најголема“, напиша еден од нејзините обожаватели, кој сподели слики и видео од изненадувањето.
Цеца, која вчера наполни 46 години, роденденот го прослави со семејството и најблиските пријатели. За забавата таа избра проѕирна црна блуза и панталони со светки. Пред да отиде на роденденската вечера, таа за српските медиуми рече дека годинава не сакала голема журка оти веќе правеле забава за роденденот на Анастасија.