(Видео) Цеца му помогна на обожавател да ѝ се додворува на девојката што му се допаѓа

Српската пејачка Цеца Ражнатовиќ му помогна на свој обожавател да одбере цвеќе што ќе ѝ го подари на девојката што му се допаѓа. На Тик-ток се појави видео од разговорот меѓу Цеца и дечкото, чие име не е објавено, но преписката стана хит, а фановите велат дека Цеца почнала да дели совети за додворување.

„Утре имам состанок и купувам цвеќе, но не знам кое да го земам. Помогни ми, ако не ѝ се допаѓа, барем можам да кажам дека Цеца Ражнатовиќ ги избрала тие цвеќиња за неа“, пишува во пораката што дечкото ѝ ја испратил на пејачката.

„Букет рози секогаш поминува. Со среќа“, му одговори Цеца, по што дечкото вели дека ќе ја послуша и дека ќе купи рози.

@filipfilipovvic 🌹#fyp #foryou #foryoupage #viral #fypシ #fypシ゚viral #cecaraznatovic #dejt ♬ Fatalna ljubav – Ceca Raznatovic

Scroll to Top