(Видео) Цеца: Сине мораш ли токму со тој спорт

Синот на Цеца, Вељко Ражнатовиќ, е млад боксер кој го гради својот пат самостојно. Тој одржа тренинг специјално за медиумите зборувајќи за своите идни очекувања во овој благороден спорт.

Вељко е член на бокс-клубот „Фонтана“ од Нов Белград, а тренер му е Јован Ракоњац, кој се грижи за неговата кариера.

Вељко проговори за својата посветеност на тренинзите, потоа откри дали мајка му Цеца и сестра му Анастасија доаѓаат на мечевите, како и за тоа колку му пречи што луѓето мислат дека неговите противници се наместени.

Тој проговорил и за поддршката што ја добива од неговите најблиски, пред сè од мајка му Цеца и сестра му Анастасија. Цеца била загрижена за него па го прашала зошто морал да го одбере токму овој спорт.

Вељко во наредниот период ќе се подготвува за Collision боречката лига во „Штарк арената“.

Тој во својот прв профи меч во Јагодина го победи бугарскиот боксер Јорданов, а по триумфот прослави со девојка му.

„Победата ја прославив во друштво на девојка ми, се разбира на стандарден начин, со алкохол и добар филм“, вели Вељко Ражнатовиќ.

На следниот линк погледнете моменти од неговиот тренинг:

 

Scroll to Top