(ВИДЕО) Цеца – Зошто Вељко уште не замина во војска, кога ќе се соблече во бикини и што мисли за разводите на естрадата?

Фолк ѕвездата со широка насмевка раскажа за својата актуелна тема. Сепак, една работа во неа ја растажила.

Со Цеца Ражнатовќ, репортерите се сретнаа на аеродромот Никола Тесла, од каде ја испратија на концертот, кој во неделата вечерта се одржа во најголемата дискотека во Црна Гора.
 

Прво што ни рече кога го почнавме разговорот беше деа едвај ги преживеа огромните жештини кои беа неподносливи претходните денови.

„Овде е пекол. Навистина тешко ги поднесувaм вруќинтие, како и сите останати луѓе. Имам една потреба да ја затемнам собата, да лежам, пуштам клима, да што повеќе течности внесам во себе. Ништо повеќе не ме интересира. Толку ме забавува ова време што немам зборови“, се пожали Цеца.

 

Незаобиколното прашање на почетокот се однесуваше на Саша Видиќ и неговиот неодамнешен коментар дека спиел со Цеца во кревет, 10 пати, и дека било неподносливо тоа што таа спие во услови кои никако не му одговараат на него.

„Слушнав, да. Спиеше со мене на минус 40 степени, јас го злоставува и така… А најмногу сака да спие со мене! (се смее) Како и секое машко, само мрчи. ( се смее) Ние таа една година спиевме заедно и се обидовме едно седум дена да го одгледаме филмот „Сексот и градот“, а поради тоа што и двајцата како некои баба и дедо, заспиваме по само 10 минути, се смеевме дека никако не можеме да одгледаме еден филм!“, со широка насмевка откри фолк ѕвездата.

 

На констатацијата дека илјадници фанови не можат да дочекаат да ја видат во бикини, Цеца како да имаше подготвен одговор!

„Не можам ни јас да дочекам да отидам на плажа! (се смее). Ако се дофатам до море, можеби и ќе се случи. Ви велам, не сум јас како некој кој секојдневниот живот го слика и претставува на јавноста. Тоа за мене не е никакви задоволство. Се обидувам да својата приватност што повеќе ја сочувам за себе.

Со оглед на тоа дека своевремено беше заштитно лице на еден бренд во костими за капење, Цеца вели дека не би имала проблем со тоа да повторно ја прифати таквата понуда.

„Зошто да не? Јас ги рекламирав многу од брендовите во текот на мојата кариера, и секогаш беше сјајно пропратено. Иако, тој примат сега го превзеде мојата ќерка. (се смее)

Како што е познато, нејзиниот син Вељко во јуни треба да оди во војска. Цеца искрено кажа зошто сепак тоа не се случи.

„Го пролонгиравме затоа што сеуште не заврши факултет. Тоај сакаше овој јуни, да направи пауза, а јас се плашам ако направи дека многу потешко ќе се врати. Ништо нема да пропушти, има 20 години, нека заврши факултет, и нека оди веќе во таа војска. На глава ми се качи! (се смее)

И конечно, уште едно незаобиколно прашање кое се однесуваше на се повеќе разводи на естрадата. Штом тоа го спомнавме, Цеца имаше симпатичен упад:

„Затоа јас и не се мажам! (се смее) Се шалам… Да ви кажам нешто… Многу е неблагодарно да се коментираат туѓите животи, да се мешаш во тоа… Никогаш не сум се мешала во туѓата приватност, дури и кога се работело за многу блиски пријатели. Тоа се работи кои се однесуваат само на твоите луѓе. Тие најдобро знаат што е за нив добро, а што не. Што се однесува до моето мислење, разводот или бракот по секоја цена – ова е 21 век, особено ако децата се тука, мислам дека е подобро да ако луѓето не се согласат да останат во пријателски односи“, изјави Цеца за српски Телеграф.

Потоа, и таа се осврна на трагедијата која во последните 15 дена, ја потресе и Србија и целиот регион, поточно на двете убиства пред центарот за Социјална работа.

„Подобро развод, отколку лош брак. Погледнете што се случува секојдневно, на што сме сведоци во последните месец дена, кога бевме сведоци на две трагедии кои го потресоа регионот… На тоа не може да остане никој рамнодушен.

Слушнете го целиот разговор на следниот линк:

 

 

Scroll to Top