(Видео) Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ се развесели и заигра на свадба

Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ стана хит на социјалните мрежи откако се појави видео од свадба на која премиерот се забавува и танцува.

Видеото е направено на свадбената веселба на Алекса Бечиќ, на која се гледа како Дритан среќно игра и ги шири рацете во правец на непозната девојка.

Да потсетиме, Дритан во едно неодамнешно интервју изјави дека „никој не му дава ќерка“.

На видеото се гледа и Алекса Бечиќ, претседателот на Демократска Црна Гора, како плеска со рацете и скока.

Исто така, неодамна на социјалните мрежи се појави видео од Дритан како ужива на свадба и игра „Шота“.

Scroll to Top