(Видео) Уапсен човекот кој насилно влегол во вилата на Саша Поповиќ

Синот на покојниот полициски генерал Радован Стојичиќ Баџа, Војислав Стојичиќ (38), е уапсен поради сомнение дека учествувал во грабеж во вилата на директорот на „Гранд“, Саша Поповиќ!

Во вилата на Саша Поповиќ бил извршен грабеж на 8 март 2018 година, за време на попладневните часови, додека во неа немало никој.

Бил изнесен сефот со одредена документација, како и осум часовници што припаѓале на членовите на семејството Поповиќ. Арамиите со себе ги зеле и бурмите, пет синџирчиња од бело и жолто злато, осум монети исто така од бело и жолто злато, брилијанти, приврзоци и пиштолот за кој Саша поседувал дозвола.

Видеото погледнете го на следниот линк:

 

Scroll to Top