Медиумите во Србија ги пречекаа нивните претставнички на Евросонг, групата „Ураган“, Ксенија, Сања и Ивана, на аеродромот во Белград како победнички. Тие пристигнаа заедно со Марија Шерифовиќ која им беше поддршка во Ротердам.
„Србија, Србија, ние победивме што се однесува до нас. Не сме свесни што се случи, сѐ уште ги собираме впечатоците. Имаме еден куп на пораки со поддршка. Горди сме и на самите нас, но и на регионот. Самите себе си се изненадивме. Ние победивме“, изјавија девојките.
Србија на Евросонг заврши на 15. место, но и покрај тоа, девојките велат дека се задоволни од направеното.
„Стручното жири не ни беше наклонето. Бевме девети според гласовите од публиката. Да се влезе во финале е голема работа. Малку ни се насолзија очите кога стигнавме таму. Кореографијата бараше многу од нас. Можеби по ова ќе закажеме концерт. Ние сме презадоволни и пресреќни. Драго ни е што докажавме дека сме добри иако не ни се веруваше“, дополнија тие.
Марија Шерифовиќ исто така беше задоволна од прикажаното на девојките и дека и е драго што цела Србија застанала зад нив.
„Јас сум задоволна. Девојките се потрудија и не можеше подобро од ова. Влегувањето во финалето е огромен успех. Мислам дека и стручното жири можеше да даде по некој глас за нас“, изјавила Марија.
Групата „Ураган“ која настапи со песната „Локо, Локо“ заврши на 15. место.