Вељко, синот на фолк-пејачката Цеца Ражњатовиќ, снима филм за својот приватен живот. Во филмот тој се глуми себеси и изминативе недели веќе тече снимањето. Во филмот тој најмногу се задржува на тренинзите, борбите, но и на својот живот надвор од рингот.
„Имам можност низ спортот со кој се занимавам да им покажам на луѓето како изгледа моето секојдневие. Со нетрпение го очекувам моментот кога ќе ја види светлината на денот“, раскажа Ражњатовиќ.