Вељко Ражнатовиќ синот на српската фолк-пејачка Цеца Ражнатовиќ, ќе снима филм за својот живот. На социјалните мрежи се појавија два трејлера како најава за филмот во кој Вељко ќе глуми како тренира бокс.
Коментарите во јавноста во поглед на она што го пишуваат на трејлерите се позитивни. Во филмот може да се види како Вељко се подготвува за борбите, како тренира, но ќе биде прикажан неговиот живот и надвор од рингот.
„Имам можност низ спортот со кој се занимавам да им покажам на луѓето како изгледа моето секојдневие. Со нетрпени го очекувам моментот кога видео-снимките ќе излезат во јавност“, вели Вељко.
Синот на Цеца забележа нов триумф во рингот, откако 22. годишниот боксер со победа дебитираше во Суперлигата на Србија во бокс. Вељко го совлада боксерот Никола Кнежевиќ кој настапи за БК Војводина.