За време на посетата на Јосип Броз Тито на Шведска во далечната 1976 година му се случила мала незгода. Кога излегувал од автомобилот се фатил за ивицата за полесно да излезе, а генералот Ѓоко Јованиќ во тој момент ја затворал вратата, па ја потфатил раката на Тито.
Маршалот викнал, но возачот брзо му ја ослободил раката. Тито продолжил како ништо да не било. На видеото се гледа дека потоа му објаснува на неговиот домаќин што му се случило, гестикулирајќи со повредената рака.