(Видео) Здравко Чолиќ со нова песна која е создадена во соработка со Дино Мерлин

Здравко Чолиќ после две години ги израдува фановите со новата песна „Избери ти“ која е создадена во соработка со Дино Мерлин.

Направено е и видео кое е снимено во Сараево.

Текстот и музиката на песната „Избери ти“ ги напиша Дино Мерлин. Ова е трета соработка меѓу двајцата, пренесува „Klix.ba“.

Како што се наведува, „Избери ти“ носи носталгична приказна за сеќавањата на старата љубов која се враќа, а чија судбина ја решава жената која авторот ја нарекува Јелена.

Аранжманот го потпишува Марко Стојановиќ Луис, кој особено ја истакнува играта на динамиката во оваа песна, пишува „Klix.ba“.

Scroll to Top