Групата “Хурикејн“ со песната “Астала виста“ ќе ја преставува Србија, по победета на Беовизија,која се одржа вчеравечер во Белград. По две полуфинални вечери, беа избрани дваесет натпреварувачи кои настапуваа во финалето. Најголем број бодови од жирито доби атрактивното женско трио и ја однесе победата. По ова следеше големо славење на групата кој уште на почетокот беа фаворити.