(Видео) Жика Јакшиќ се забавуваше во кафеана со новата девојка која е десет години помлада од него

Водителот Жика Јакшиќ е во врска со десет години помлада девојка. Станува збор за Тијана Мијаиловиќ, поранешната сопруга на ексфудбалерот на Црвена Ѕвезда, Никола Мијаиловиќ. Двајцата неодамна биле видени заедно како се забавуваат во кафеана.

„Ако ме прашувате за девојка, за тоа нема да зборувам, ако сакате да играме асоцијации, ни тоа нема да го правам со вас. Зар не можете да видите дека сум среќен“, им рече Жика на новинарите.

За потсетување, Жика со првата сопруга Снежана го има синот Андреј, а со водителката Дајана Пауновиќ, синот Душан. Тијана од бракот со поранешниот фудбалер Мијаиловиќ исто така има еден син. Таа се занимава со екологија и менаџмент, а е членка и на УНЕСКО.

Мијаиловиќ пред шест години беше приведен под сомнение дека сторил кривично дело, градење аква-парк без дозвола .

 

Scroll to Top