(видео) Жирито плачеше и се смееше од изведбата на Љуба во „Пинкови ѕвездички“

By

На самиот крај на „Пинкови ѕвездички“, најмладиот натпреварувач Љуба Станковиќ (5) го испеа хитот „Утро“, од Јелена Томашевиќ и ги доби сите пет гласа од жирито.

dobivaj vesti na viber

Малиот Љуба со максимални пет гласови, се пласираше во наредниот круг на натпреварувањето, а на крајот ја воодушеви Маријана Мичиќ, за која имаше посебно изненадување. И подари црвено кадифено срце.

„Ние прво мора да се извиниме што се смеевме, се смеевме од радост, и поради тоа што многу симпатично изговараш некои зборови. Тоа ни беше толку симпатично и бескрајно убаво. Ти Љубо пееше како вонземјанин!“, изјави Гоца Тржан.

„Неверојатно, ние досега немавме вакво мало дете, вакво точно пеење, со пол глас, прецизно. Браво Љубо, ти беше совршен. Ти се навистина чудо од дете“, изјави Јелена Томашевиќ.

„Обично во состојба на шок, човек едноставно почнува да се смее. Тој е пресладок во неговиот говор. Во шок сум што е толку мал, а така убаво пее. Не можам да го поврзам неговиот изглед, со пеењето, во шок сум, браво“, изјави Сергеј Четковиќ.

Погледнете колку Љуба беше брилијатен на сцената.

 

Ќе ви се допадне