Викендов во Белград се омажи ќерката на поранешениот фудбалер и репрезентативец на Југославија, Владан Лукиќ. Неговата ќерка Сара изразила желба на свадбата да ѝ пее Цеца.
Пред да запее, Цеца го зела микрофонот и открила детали за поранешната љубов.
„Дојдов овде преку врска, која е од пред 30 години кога Влада и јас се запознавме. Знаеше со кого треба да се забавува, со пејачка. Шега на страна, Сара сакаше јас да ѝ пеам на свадбата. Гледам дека сте убаво расположени“, рекла Цеца, која дошла во придружба на ќерка си Анастасија.
Цеца и Владан се запознале кога пејачката имала 15, а поранешниот фудбалер 18 години.