Владимир ја фрлил убиената Јелена во каналот, а синот Зоран го издрогирал

Најновите информации кои доаѓаат од медиумите во Србија говорат дека Владимир Марјановиќ бил учесник во бруталното убиство на пејачката Јелена.

Според информациите на полициските извори до кои дојдоа медиумите, Владимир го терал својот син Зоран да го прикријат убиството, по што мртвата снаа ја фрлил во каналот, каде што беше пронајдено телото.

Ги прикриле трагите и ја исчистиле крвта. Сепак, на крајот полицијата ги откри седативите за кои се сомнева дека Владимир му ги давал на својот син, сопругот на Јелена, со цел полесно да го помине полиграфот.

Како допрва ќе се одвива истрагата, останува да видиме.

 

Scroll to Top