Владо Георгиев не пие алкохол шест месеци

Српскиот пејач Владо Георгиев откри дека шест месеци нема пробано алкохол. Пејачот кој е познат по боемскиот живот, во интервју раскажал дека животот целосно му се сменил откако пред две години му се родила втората ќерка Елена. Постарата ќерка Софија наполни три години во септември. По раѓањето на децата, тој ги сменил и животните навики.

„Помина половина година како не напијам алкохол. Сега светот ми изгледа поинаку. Убаво е да пивнеш кога се опушташ или создаваш музика, но кога треба да водиш живот што има смисол, човекот треба да биде трезен. Отсекогаш ја застапував таа теорија. Кога ќе се напиете, некои работи можат да поминат покрај вас, а вие да не ги забележите,“ рекол Георгиев за магазинот „Стори“.

Медиумите во регионот за популарниот пејач пишуваа дека понекогаш доаѓал пијан на настапи, но и дека често по цели ноќи седел во кафеани и пиел. Тој лани летото изјави дека „40 дена апстинирал од пиење пиво“, но не се откажал целосно од алкохолот.

 

Scroll to Top