Во „Јужен ветер“ пушката му откина прст на оружарот, Милош Биковиќ раскажа за инцидент на снимањето на хит филмот

Откако Алек Болдвин случајно ја уби камерманката Халина Хачинс на снимањето на филмот „Рѓа“, српскиот глумец Милош Биковиќ раскажа за инцидент што неодамна се случил на снимањето на филмот „Јужен ветер: Забрзување“, кога човекот што го проверувал оружјето си го откинал прстот со пушка.

„На едно снимање ни се случи таква несреќа, на човекот што го проверуваше оружјето за нас, пушката му го откина прстот, затоа што оружјето не беше подготвено. Да отидеше оружјето во рацете на некој друг, тогаш тоа би бил пропуст на оружарот, но ете, несреќата му се случи нему“, рече Биковиќ на прес конференција за промоцијата на „Јужен ветер“.

Тој објасни дека кога се снима, иако лажните куршуми во голема мера се разликуваат од вистинските, сепак постои опасност, па затоа актерите никогаш не треба да вперуваат пиштол во жива мета.

„На сетот никогаш нема боева муниција, едноставно нема причина за такво нешто. Мене ме учеа секогаш кога ќе добијам каков било вид вооружување, сам да ги проверам и рамката и цевката и неколкупати да истрелам во празно како последен вид мерка за безбедност. За жал, трагедии и понатаму се случуваат“, додал Милош.

Филмот „Јужен ветер: Забрзување“ на 2 ноември ќе има премиера во Србија, а брзо потоа и во регионот.

Scroll to Top