Водителката на „Сложувалка“ облече венчаница

Марија Вељковиќ објави фотографија на „Инстаграм“ на која носи венчаница.

Сепак, како што пренела Марија, не е во прашање изговарање на судбоносното „да“ бидејќи водителката на „Сложувалка“ веќе е во среќен брак и има три деца.

Марија ги воодушевила обожавателите со својот изглед и многумина коментирале дека изгледа како принцеза, но она што предизвикало воодушевување е коментарот што го напишала под фотографијата.

„Модерните жени се исправени пред многу предизвици! Кога сме кај мајчинството, тоа без сомнение е најголемата и најважна улога на секоја од нас. Но, треба да бидеме и многу повеќе од тоа. Треба да бидеме жени од кариера, сопруги, другарки и жени самите за себе… И кога сите тие улоги ќе си ги ставам во глава во некој дел од денот си помислувам – ние жените сме баш цареви“, напишала Марија, која веќе со години е заштитно лице на квизот „Сложувалка“.

 

Scroll to Top