Синот на Марина Туцаковиќ и Фута Радуловиќ, Милан – Лача, ѝ упати остри зборови на фолк-пејачката Цеца Ражнатовиќ, па индиректно ја нарече воен профитер. Ова особено ја збуни јавноста и дојде од нигде никаде оти се знае колкава поддршка ѝ беше Цеца на Туцаковиќ целиот овој период додека се соочува со лошата болест.
Радуловиќ на „Твитер“ напишал дека местото на Цеца ѝ е во Хаг, што предизвикало бурни реакции на социјалните мрежи. Запрашан за мислење на новата песна „Ми“, која неодамна ја објави Дино Мерлин, Лача одговорил:
„Јас сум повеќе, како што гледам, на сите тие воени подбуцнувачи, кои сега без помош сакаат да се лустрираат, местото им е во Холандија во градот за искупување. Мерлин, Цеца и други…“, напишал на социјалните мрежи.
Пријателите тврдат дека Цеца била стаписана од испадот на синот на Марина со оглед на тоа дека сeмејството со години соработува и дека Лача го сметала и третирала како да ѝ е син.
Овој потег не ги изненадува неговите пријатели кои тврдат дека во моменти кога е под дејство на лоши супстанции знае сè и сешто да напише, а подоцна да се кае. Единствено, не им е јасно како во потсвеста го нема фактот дека Цеца прва ѝ се најде на мајка му за помош кога се соочи со тешката болест…
За испадот на Радуловиќ, Цеца не сакала ништо да коментира.