Српскиот глумец Војин Ќетковиќ вчеравечер бил итно пренесен во болница откако му се слошило и паднал на земја на премиерата на филмот „Гради“. Војин, кој ја има главната улога, се прошетал на црвениот тепих пред премиерата, но по завршпувањето на филмот, не излегол на сцената кога водителката ги претставувала глумците, пишуваат српските медиуми.
На Ќетковиќ најверојатно му се слошило во моментот кога требал да излезе на сцената. Тој имал висока температура и не се чувствувал добро ни додека траела проекцијата на филмот. Во „Комбанк арената“, каде што се одржувала премиерата, веднаш дошла екипа на брзата помош. Глумецот најпрво бил пренесен на инфективната клиника во Белград, а потоа на ВМА.
За потсетување, Војин се прослави со улогата на Мане во филмот „Зона Замфирова“, а има одиграно бројни улоги на филм, во серии и во театар. Оженет е со глумицата Слобода Миќаловиќ со која има две ќерки.