Хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ на 15 февруари ќе одржи концерт во МНТ во Скопје. Ова ќе биде втор концерт на Данијела, која ќе има концерт и на 14 февруари, на денот на виното и љубовта. Таа ќе ги испее своите најголеми хитови, ќе промовира нова песна, а на концертите ќе чита и дел од својата поезија.
„Концетрите се дел од мојата нова турнеја ‘Неописиво’ кои се спој на музика, поезија и интимно дружење со публиката. Ниеден концерт не е ист, деловите поезија што ги читам ги избирам во моментот, поттикната од тоа како реагира публиката. Затоа и турнејата ја нарековме ‘Неописиво’ – не може да се раскаже што ќе се случува на концертите, туку само да се доживее. Едвај чекам да се дружам со македонската публика“, рече Данијела во неодамнешното интервју за „Репортер“.
Ова е прво гостување на хрватската пејачка во Скопје по скоро десет години. Билетите за вториот концерт се веќе во продажба, на билетарата на МНТ и онлајн. Организатор на концертот е „Евентум“.
„Грашо ми одеше на нерви“, ексклузивно интервју со Данијела Мартиновиќ