Српската старлета Сораја Вучелиќ остана без своето „масерати“ вредно 80.000 евра кога момче истури „молотов коктел“ врз него.
Ова е вторпат да ѝ го запалат автомобилот. Во 2015 година во центарот на Подгорица маскирани мажи ѝ го запалија џипот, а сега тоа се случи во филмскиот град.
Според информациите од полицијата, непознато момче излегло од својот автомобил и фрлило „молотов коктел“ врз автомобилот на Сораја по што избегало во непознат правец. Нанесена е голема материјална штета, но, за среќа, старлетата не е повредена бидејќи во тоа време била во козметички салон.