Вучиќ ги скара Карлеуша и Бјелогрлиќ

Актерот Драган Бјелогрлиќ им се придружи на колегите кои со денови водат медиумска војна против Јелена Карлеуша. Тој ја осуди изјавата на пејачката во „Хит твит“ емисијата, во која се вели дека не е во ред актерите да земаат пари од државата и од Телеком, додека ги поддржуваат протестите на опозицијата.

„Ако е така, повеќе нема да глумам во серијата „Тајкун“. Предлагам нов „тајкун“ да биде Буле Гончиќ или Растко Јанковиќ. Најверојатно ги исполнуваат дадените критериуми“, вели Бјелогрлиќ.

Актерот Драган Бјелогрлиќ денес ја повика Дирекцијата на Телеком да проговори за „срамните и одвратни напади“ врз актерите кои играат во сериите на Телеком – и рече дека повеќе нема да глуми таму. Веднаш потоа следеа реакциите на пејачката Јелена Карлеуша, која деновиве од петни жили се труди да го оправда актуелниот режим и речиси секојдневно напаѓа актери, актерки и режисери.

Јелена Карлеуша, се огласи на својот Инстаграм профил и му рече на актерот: Драган, не е поентата кој ќе се ангажира и дали некој те спречува да имаш функција! И вие одлично знаете дека не е фер вие, кои од народот заработувате стотици илјади евра, во исто време да ги повикувате истите луѓе на улица да ја поддржат опозицијата. Да сум на ваше место би рекла: „Благодарам на државата и на Телеком за крајната инвестиција во културата и на вас фантастични режисери и актери“. – напиша Јелена.

Scroll to Top