Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска, за Денот на државноста на Србија, им додели одликувања на заслужни поединци и институции. Српскиот претседател го одликуваше и холивудскиот актер Џони Деп.
“Ова е навистина несекојдневен момент за мене и многу сум горд. Имав можност, пред многу години, да запознаам еден многу чуден човек, кој штом го видов, знаев дека не припаѓа на Холивуд. Кустурица стана брат, неговото семејство стана мое, ги гледав неговите деца како растат. Тоа беше врска што ја создадовме од првиот ден. Тој го кажува она што го мисли, а тоа ми се допаѓа кај него. Она што е прекрасно тука е тоа што луѓето мислат дека целта е да се искористи моментот. Верувам дека има многу таленти што ќе ги најдеме овде и се радувам што ќе бидам дел од него „, изјави Џони Деп и додаде: „Навистина сакам да ви се заблагодарам, претседателе Вучиќ, мило ми е што ми го покажа тој дел. Моето искуство со луѓето во Србија, сосема нов живот. Ми се допаѓа овој почеток и би сакал тој почеток да започне токму овде. Благословени да сте. Ја примам оваа голема чест и никогаш нема да ја изневерам“, изјави Џони Деп.