Вучиќ: На Европското навивавме за Македонија, сега на Светското очекувам Македонците да скокаат за Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, очекува голема поддршка од Македонците за Србија на Мундијалот во Катар. Вечерва со почеток од 20:00 часот го играат првиот натпревар против Бразил, а Вучиќ верува дека најголемиот дел од Македонците ќе навиваат за Србија.

„Верувам дека и браќата Македонци, односно најголемиот дел на Македонија, ќе скокаат за Србија, како што ние навивавме за нив на Европското првенство“, рече Вучиќ.

Вучиќ се слушнал со селекторот Драган Стојковиќ за да им посака успех и им се заблагодари на фудбалерите што ги ставија семејствата во втор план за да тренираат и се борат за репрезентацијата. Популарниот Пикси рече дека Душан Влаховиќ ќе го предводи нападот, затоа што Александар Митровиќ не е целосно подготвен.

Scroll to Top