Вучиќ ѝ наздрави со пиво на Брнабиќ, па се правдаше дека ретко пие

Претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ првиот ден од Новата година го поминаа опуштено во кафуле во Белград. Тие наздравија со пиво и им посакаа на сите многу здравје, успех и среќа во Новата година.

Вучиќ се оправда и рече дека пиел пиво само еднаш годишно

„Прекрасен ден во Белград на вода, а еднаш годишно, веројатно е дозволено место лимонада, или чај, во нови победи да се тргне со баварско пиво, Среќна Нова година на сите граѓани на Србија, здравје, радост и успех ви посакуваме Ана и јас“, напиша Вучиќ.

Scroll to Top