Претседателот на Србија, Александар Вучиќ облечен во чеченска униформа се сликаше со советникот на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, Турк Даудов. Фотографијата ја објави Даудов.
„Рускиот народ за нас е братски народ, а вековната историја го докажала тоа многупати и нашите односи не може да бидат уништени“, рече Вучиќ.
На крајот од средбата, Даудов на Вучиќ му подари национална наметка и капа, истакнувајќи ја цврстината на Србите, слична на суровиот карактер на планинарите. За потсетување, Србија е една од ретките земји која не воведе санкции за Русија поради инвазијата на Украина.