Марина Туцаковиќ заработила преку 100,000 евра за стихот „Суза је из ока канула“ кој го вметнала во песната „Зора је“ на Неда Украден. Токму Неда ѝ се јавила на Марина и побарала од неа да го прочита текстот на песната пред да влезе во студио и да снима. А Марина само сменила еден дел, кој денес, е најверојатно најскапиот напишан стих на овие простори.
„Песната ја напиша покојниот Ѓорѓе Новковиќ со кого неколку пати се скарав заради насловот на песната. Прво ја нарековме: ‘Јоване, зора је’. Последната и конечна верзија е ‘Зора је’. На крај ѝ се јавив на Марина Туцаковиќ, која напиша само еден стих, а тоа е: ‘Суза је из ока канула’. Неа токму тој стих ѝ донесе повеќе од 100.000 евра“, изјавила Неда во емисијата „Гламур“.