За прв пат после разводот, Нина и Бранислав повторно пред ТВ екраните

Поранешните сопружници добија повик да се појават во програмата на „Твоето лице звучи познато“.

Откако минатата година се разведоа, Нина Радуловиќ и Бранислав Лечиќ, како што се зборува, повторно ќе бидат заедно, барем пред ТВ камерите, и тоа во емисијата „Твоето лице звучи познато“.

Нина и Бранислав веќе шест години беа во брак и ќе биде многу интересно да се види заедно на бината, се разбира, доколку и двајцата прифатат да се појават во шоу програмата „Твоето лице звучи познато“.

„Продукцијата на популарното шоу преговара со поранешните сопружници. Им понудија одлични услови и сега чекаат да им соопштат дали ќе се согласат да заедно учествуваат. Идејата на Леки му се допаднала, а Нина се воодушевила. И двајцата се големи професионалци и знаат колку е значајна оваа програма во која сите пари ќе завршат за хуманитарни цели“, тврди извор близок до поранешните сопружници.

 

Исто така, освен порано најавените Едита Арадиновиќ, Банета Видаковиќ, Мира Шкориќ и Тијана Дапчевиќ, во новата сезона на „Твоето лице звучи познато“, ќе учестува и Лидија Вукичевиќ.

Scroll to Top