За слобода сум, Марија Шерифовиќ отворено зборуваше за сексуалната определба

Пејачката Марија Шерифовиќ отворено зборуваше за својот љубовен живот и за сексуалната определба. Таа рече дека отсекогаш се залагала за слобода, но тоа е затоа што отсекогаш сакала да го живее животот на начин на кој ѝ одговара.

„Работите за кои зборувам не се поврзани само за одлучноста, туку во нив може да се препознае и секое интелигентно суштество што сака да го живее животот по свој избор. Ако мојот избор значи дека мојата мајка ќе падне во несвест или дека мојот татко ќе се налути, нека биде така. Секое суштество има апсолутно право да живее како што сака“, рече Марија, која е позната по нејзината поддршка на ЛГБТ-заедницата.

Таа рече дека не сака нејзиното семејство да ѝ диктира кого таа ќе сака и што ќе работи.

„Со луѓе што живеат под камен не сакам да живеам. Не сакам да имам никаков контакт со нив“, рече Марија за српски „Ало“.

Пејачката не креиеше дека оди и на психотерапија и дека нејзиниот психотерапевт не би го менувала за ништо на светот.

„Имам своја терапија веќе 19 години. Мислам дека е важно да се одржува менталното здравје. Тоа што живееме во Србија, каде што табу-тема е одењето кај терапевт затоа што веднаш ќе ве направат луд, тоа е глупав став. Ја имам своја докторка, која можеби е виновна што на некои луѓе знам да им одам на нерви, на некои повеќе, на некои помалку, но јас не би ја менувала за ништо и никого“, рече Марија.

Пејачката е позната по својата жестина во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, во кое учествува во жирито. Таа вели дека не е таква каква што на луѓето им се чини.

„Луѓето ме доживуваат како безобразна и дрска, но јас не сум таква. Само сум брзоплета, немам нерви и не сакам бавни луѓе. Ранлива сум и емотивна. Можеби сум поемотивна од сите што ги познавам, но полесно ми е кога сум сама, без никого. Тогаш ги процесирам работите што ме доведуваат до таквата состојба“, рече Марија.

За потсетување, Шерифовиќ е единствената српска пејачка што победи на Евровизија во 2007 година со песната „Молитва“. Од тогаш постојано е на сцената и многу фанови ја следат во шоуто на „Гранд“.

Scroll to Top