Заборави на синот кога повторно се ожени: Сузана Јовановиќ за сопругот пред Саша Поповиќ

Сузана Јовановиќ, позната пејачка и сопруга на Саша Поповиќ, љубовниот живот го започнала со познат музичар. Нејзиниот прв брак, од кој го доби синот Даниел, брзо заврши, но остави трага на нејзината иднина и односите во семејството, пренесуваат срспките медиуми.

Според написите, таткото на поранешниот сопруг на Сузана открил детали за бракот на неговата поранешна снаа и неговиот син.

Како што пренесуваат тамошните медиуми Сузана и нејзиниот поранешен маж се запознале во кафеана додека настапувале, а нивната врска брзо се претворила во брак. Сепак, како што раскажал нејзниот поранешен свекор, бракот го одбележале љубомора, лоши односи и чести расправии.

„Беше многу љубоморна. Никогаш не се степаа во наше присуство, но лошите односи не можеа да се сокријат. Тие често спиеја во посебни соби. Кога беше расположена, зборуваше со нас, кога не беше, се однесуваше како да не постоиме. Никогаш ништо не му зготвила на Раде, јадеа по кафеани. За да направам свадба, продадов трактор, а подоцна не видов ниту еден динар од таа свадба“, раскажал бившиот свекор на Сузана Јовановиќ и за се ја обвинил мајката на пејачката.

„Само чекав кога сето тоа ќе излезе во весник. Не е точно дека не дозволувам детето да оди таму, тој самиот не сака. Татко му целосно заборавил дека го има тоа дете, ја изгубил грижата и интересот за Даниел штом се оженил. Даниел покажа дека не сака да го види својот татко на возраст кога му треба внимание и разбирање. Раде не му дал ништо од тоа, го добил од Саша Поповиќ, кој не му е ништо“ изјавила тогаш Сузана, пренесува Телеграф.

Scroll to Top