Започнува снимањето на новата сезона на„Ѕвездите на Гранд“

По двомесечна пауза, дојде време тимот на најгледаното музичко натпреварување на Балканот, „Ѕвездите на Гранд“, да се врати на снимање во студиото на Гранд во Кошутњак.

Порталот Гранд открива дека снимањето на првата емисија од 19. сезона е закажано за понеделник, 1 септември.

Нова сценографија, нови правила, натпреварувачи од целиот свет се само дел од изненадувањата што „Гранд“ продукција ги има за гледачите.

Оваа сезона има промена и кога е во прашање стручното жири, па на Ана Бекута, Снежана Ѓуришиќ, Александар Милиќ Мили, Светлана Цеца Ражнатовиќ и Ѓорѓе Давид ќе им се придружат Дара Бубамара и Драган Којиќ Кеба.

Scroll to Top