Заради мачката, Лепа Лукиќ ќе го остави богатството на внукот

Српската фолк-пејачка Лепа Лукиќ откри дека неодамна го напишала својот тестамент. Таа решила целиот свој имот да му го остави на внукот, само под услов ако се грижи за нејзината мачка Маза.

„Маза ја имам 3 години и е навистина посебна. Добра е и паметна. Се плашам да не починам пред неа па да остане без грижата на која е навикната. Затоа во мојот тестамент во кој својот имот му го оставам на внук ми, го условив да се грижи за Маза“, рекла Лепа за магазинот „Глорија“.

Scroll to Top