Поради Оливер, првпат во историјата на Хрватска прогласен е Ден на национално сочувство

Поради смртта на познатиот пејач Оливер Драгојевиќ, хрватската влада на вчерашната седница на иницијатива на премиерот Андреј Пленковиќ донесе одлука за прогласување на денешниот ден за Ден на национално сочувство

Ова е првпат да се прогласи Ден на сочувство во историјата на Хрватска, а тоа да не биде Ден на жалост.

Разликата е во тоа што доколку се прогласи ден на жалост тогаш се откажуваат сите културни и забавни активности, а  медиумите се прилагодуваат на одбележување на овој ден, но со оглед на фактот дека станува збор за Оливер Драгојевиќ, чија цел во животот беше песната, владата одлучи дека посоодветно е да се прогласи Ден на сочувство како што е пракса во многу европски земји.

Денес знамињата се спуштени на пола копје, но забавните настани нема да бидат откажани.

Инаку, Хрватска до сега има прогласено Ден на жалост во десет наврати, а ова е првпат да се прогласи Ден на сочувство.

Scroll to Top