„Збогум џину, беше шмекер“ – Малиот Давид од „Полицаецот од Петлово брдо“ се прости со филмскиот татко

Од Љубиша Самарџиќ со впечатливи пораки се простија и неговите „филмски жени“ и бројни колеги и пријатели од светот на филмот.

Марко Стоиљковиќ познат по улогата на малиот Давид, синот на полицаецот Бошко Симиќ, кој во популарната серија „Полицаецот од Петлово брдо“, го глумеше Љубиша Самарџиќ, се прости со трогателна порака од големиот актер кој почина во саботата вечерта. Стојиљковиќ, кој сега е филмски критичар, ја објави пораката на Фејсбук.

„Збогум, џину. Беше шмекер и беше чест да се работи со тебе“, напиша Стоиљковиќ.

Марко во серијата „Полицаецот од Петлово брдо“, кое е снимена пред 25 години, беше еден од четирите деца на самохраниот татко полицаец. По оваа серија играл во епизодата Оркестар во „Отворените врати“. Сега се занимава со филмска критика и пишува на својот блог.

 

Прославениот актер Самарџиќ, легендата на југословенската и српска кинематографија, почина на 81 годишна возраст. Кремацијата е закажана за во четврток на Новите гробишта, објави семејството.

 

Scroll to Top