Збогум Оливер!

Жителите на Сплит денес се простуваат од Оливер, па „Збогум Оливер“ пишува и на градските автобуси кои возат низ Сплит. Хрватскиот пејач Оливер Драгојевиќ почина по по една година борба со ракот на белите дробови, во 71 година од животот.

Во Хрватска од утринава се одбележува Денот на национално сочуство по повод смртта на музичарот кој беше омилен на сите генерации.

Вечер телото на Оливер со катамаран ќе биде пренесено на островот Корчула, во неговата родна Вела Лука.

Scroll to Top