Пејачката Сека Алексиќ го откажа нејзиниот настап за Нова година, кој беше планиран да се случи во Белград. Таа вели дека се откажала поради лошата епидемиолошка ситуација во Србија.
„Драги мои, сите верувавме и се надевавме дека овој вирус ќе попушти и дека ќе може да се дружиме за Нова година во Expo центар. Но, бидејќи ситуацијата е вака лоша, одлучив да го откажам новогодишниот настап“, напишала Сека.
„Не сакам да се случи јас и мојот тим да сносиме одговорност доколку некој се разболи. Здравјето на мојата публика ми е најважно, сигурна сум дека ќе се дружиме на следниот дочек и дека ќе надоместиме за ова. Им должам благодарност на организаторите што го прифатија мојот предлог и се согласија сè да оставиме за посреќни времиња. Чувајте се“, напиша Сека.