Здравко Чолиќ по шест години го наполни Пулскиот амфитеатар. Пред десетилјадната публика покрај песните од новиот албум, пејачот на големо задоволство, особено на женскиот дел, испеа и некои од своите стари хитови.
Дочекан со овации, Чолиќ, кој веќе ја стигнува седмата деценија, речиси три часа непрекинато танцуваше и пееше и покажа дека е во врвна форма.
Во бел костум, Чолиќ го отвори концертот со хитот „Продужи даље“. Публиката уживаше и во неговите стари хитови како „Певам дању, певам ночу“, „Ти си ми у крву“, „Пушти, пушти моду“.
„Човече, па тој не старее. Ние сме исто годиште, а Чола изгледа безвременски“, беше еден од коментарите на обожавателите присутен во публиката.