Здравко Чолиќ на ќерките им дал сѐ, но сега од нив бара само едно

Пејачот Здравко Чолиќ е горд на кариерата што ја изгради без ниту еден скандал, а во сето тоа го поддржува семејството – сопругата Александра и ќерките Уна и Лара.

Покрај кариерата, негова голема гордост се и ќерките.

„Убаво е мажот да има деца во подоцнежна возраст. Сега е Божја работа. Повеќе се работи за тоа како човекот го живее својот живот и како нешто се случува. Горд сум на моето мало семејство, двете мали девојчиња, сега веќе девојки. Жената се грижи повеќе. Да беше до мене, сѐ ќе им дозволев. Таа ме критикува, но така е. Од друга страна, не можам да бидам премногу строг, некако е тешко, на моменти можам да станам малку сериозен. Премногу сум попустлив“, изјави пејачот и додаде дека секогаш мора да има граници.

„Имаме една почит, која е изгубена во денешното современо општество, технологија која зема замав, тешко се контролира. Тоа што го донесов од дома е почит, чест и достоинство и би сакал и тие да мислат исто. Најважно е дека не е се до парите и богатството, туку дека има важност и дека некој е вреден, тоа е најважното нешто за нив да го имаат во животот. Утре ќе мора да си го живеат животот и да работат сами, а не да се потпираат на некој друг, што е можно денеска. Искреноста и односот кон животот, тоа е најважно. Но, пак, човекот не знае како ќе оди во животот, сето тоа е во Божји раце. Секој би сакал да биде среќен и задоволен, но животот е непредвидлив. Една работа, една дисциплина на умот, која поставува некои работи, но тешко е да се постигне тоа со новата генерација денес, но има луѓе кои можат да го направат тоа, ќе видиме. Засега не се лоши работи, но секогаш би барал повеќе“, вели Чолиќ.

Scroll to Top