Здравко Чолиќ: Првата девојка ја имав на 30 години

Балканската ѕвезда Здравко Чолиќ во интервју за „Магазин ИН“ откри дека првата девојка ја имал на 30 години. Вели, тоа била Јасна од „Локици“, кои го следеле на неговите настапи.

„Првата девојка ја имав доста доцна, кога веќе бев зрел. Тоа беше Јасна од Локици“, признал Чолиќ (71).

Тој во интервјуто раскажал дека во сопругата Александра се вљубил фатално, но и покрај тоа долго се спротивставувал на бракот.

„Се запознавме во Брела. Потоа врската траеше 11 години. Некако полека одеше и на крајот требаше да биде или не. Не е лесно да омажите ќерка за естраден уметник за кој сешто се зборуваше и се зборува“, рекол Здравко.

Тој додал дека кај Александра најмногу ги цени лојалноста, непоколебливоста и чесноста, а дека кога би можел, кај себе би го сменил управувањето со парите.

„Човек не може да го смени темпераментот, не мислам на начинот на трошење и начинот на живеење, но кај мене тоа беше малку претерано и така е и ден-денес“, рекол Чолиќ.

Scroll to Top