Земав кредит за ја оженам Весна, ама никогаш не ѝ беше досадно со мене: љубовната приказна на Оливер Драгоевиќ

By

Пред четири години почина хрватската музичка легенда Оливер Драгоевиќ. Неговите фанови и денес потсетуваат на него и на социјалните мрежи споделуваат негови песни и цитати.

dobivaj vesti na viber

Љубовната приказна со сопругата Весна е една од најромантичните во регионот, која фановите на легендарниот пејач до ден-денес ја раскажуваат.

Нивната љубовна приказна почнала на 13 мај 1973 година.

„Кога си реков дека е доста од осаменост и младешки глупости, ја запознав Весна. Јас имав 26, а таа 19 кога се сретнавме кај Страдун. Помина покрај мене, имаше црно-црвеникава коса, долга и брановидна. Се свртевме обајцата во исто време. Потоа се распрашував за неа. Имаше место за состаноци во Градската кафеана, каде што се знаеше сè за сите. Еден од тамошните луѓе, посредник, ни договори состанок. Се најдовме таму, дали тоа беше состанок или кафе, не знам. Попладнето повторно се видовме. Бевме во паркот, од главната пошта до Бонин и поседовме таму можеби час-два. Некако се договоривме за врска. Немаше преддоговорни спогодби, немаше ништо“, раскажа тој во едно од интервјуата.

Една година подоцна ги направија брачните завети во неговата куќа во Сплит со неговите најблиски.

„Татко ми, мајка ми, брат ми, девојка му, жена ми, јас и двајца-тројца пријатели. Беше одлично. Некој донесе вино, татко ми зеде месо, јас торта. Зедовме кредит, немавме пари, немавме ништо. Пеевме, јадевме и се дружевме, а во вечерните часови отидовме во хотелот ‘Марјан’. Таму сите испозаспавме во фотелјите, до толку бевме уморни од прославата“.

Парот доби три деца – Дино и близнаците Дамир и Давор.

„Живееме одлично. Никогаш не ни е здодевно и никогаш не сме осамени. Со Весна имаме договор за најмалку уште една ќерка“, рече музичарот во едно заедничко интервју пред триесетина години, каде што говореа за нивните деца и заедничкиот живот

Музичарот секогаш ја спомнуваше својата сакана. Во едно интервју од почетокот на 2012 година тој раскажа колку е среќен што е со неа.

„Имав среќа. Среќен сум што имам толку добра жена, што по толку време, сѐ уште ме чека со она што ми се допаѓа најмногу – домашна топла супа. Со тоа, најдоброто, се враќам во живот. Никој не готви подобро од мојата Весна. Ја развеселувам и јас со нејзиниот парфем што го нарачала или некое друго парче. Јас сум човек што ужива во мали нешта, во топлината на домот, домашните јадења, децата, внуците. А Весна е одлична баба, таа е онаа што се сеќава на сите родендени, имендени, купува подароци, тоа е многу грижлива и внимателна“, рече Оливер.

Ќе ви се допадне